Уапсени 3 Иранци на аеродромот во Скопје, имале фалсификувани пасоши од Белгија и Бразил

„Вчера во 11.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Ј.(47), Р.Г.А.(48) и еден малолетник, тројцата од Иран.

При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид дале фалсификувани патни исправи од Белгија и Бразил, а поседувале и оштетени ирански патни исправи.

Лицата биле предадени во Одделението за преку граничен криминал миграции странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ велат од МВР