Уапсен Молдавец на Табановце баран од Интерпол Романија

Полициски службеници вчера во 15:25 часот на граничниот премин Табановце го уапсиле С.С.(26) од Молдавија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Романија.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.