Уапсен крадец од Кочани, крадел од кафулиња, продавници и домови

СВР Штип извести дека е фатен крадец кој на дрзок начин извршил 7 кражби. Осомничениот ги признал делата а дел од украдените предмети биле вратени на оштетените граѓани.

„По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“ се вели во соопштението на СВР Штип.