Тренчевска ќе го презентира Извештајот по Конвенцијата на ООН за правaта на детето во Женева

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со  деца, детска проституција и детска порнографија.

Тренчевска, како што соопшти МТСП, е предводник на делегацијата на Северна Македонија во Женева во состав на претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование, здравство, правда и надворешни работи.

Министѕерката Тренчевска пред Комитетот за правата на детето во Женева ќе има обраќање денеска во попладневните часови.