Трајно вработување на 1117 лица кои работат со договори на дело во јавните здравствените установи

Заменик министерката за здравство Маја Манолева објави дека процедурата за започнување на постапката за вработување на 1117 лица кои работат со договори на дело во јавните здравствени установи е започната и е во тек

- “За дел од јавните здравствени установи веќе се добиваат согласностите, и треба да почнат постапките. Постапките ќе започнат, и да се  распишат изборите, таа постапка не престанува туку се става во мирување и продолжува по официјалното завршување на изборите. Согласностите кои ќе ги добијат ЈЗУ-и во однос на овие 1117 лица кои што се одобрени, практично ќе важат до крајот на годината и ќе можат да се реализираат во текот на целата година“, рече Манолева

Владата на крајот од 2023 година предизборно одлучи да одобри вработувања за 1117 здравствени работници, што ќе одат преку јавни огласи кои ќе треба да ги распишат самите здравствени установи.