Тошковски: Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски вели дека реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат и дека граѓаните нема да чекаат со недели за добивање на термин за издавање на пасоши.

„Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден“ рече Тошковски