Тешко повредена жена, паднала во автобус на ЈСП

Министерството за внаатрешни работи информираше деча вчера во 19.00 часот било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека Ш.Ш.(64) од Скопје се превезувала во автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП, управуван од Б.Х.(29) од с.Рашче, скопско, паднала во внатрешниот дел на автобусот, при што се здобила со тешки телесни повреди.

Констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат полицијата.