Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Скопје

Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“, ул.„Бледски договор“ и ул.„Париска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од Р.В.(30) од Виница и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(27) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје се вели во соопштението на МВР.