Тешко поврденa Србинка во сообраќајка кај Гевгелија

Сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случичила вчера во гевгелиско. 

На 05.06.2022 година во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.