Тешка сообраќајна несреќа на патот Кавадарци - Росоман, тројца повредени од кои еден потешко

Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утрово во 7 часот на регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, на излез од с.Манастирец пренесува Канал5. Поради сообраќајката сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин.

На терен се излезени 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.

Од она што е познато е дека три лица се повредени, од кои едно потешко. Двете лица се помлади на околу 23 години, едното повозрасно. Засега нема подетални информации како дошло до оваа собраќајна несреќа