Tешка сообраќајка на патот Штип-Велес, едно лице загина

Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вчера на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди за МИА портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.

Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички. Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а во моментов во прекин е и сообраќајот на овој експресен пат.