ТАВ и „Aegean“ со своите патници го прославија воведувањето на новата авио линија Скопје - Сараево

Профункционира новата авиолинија Скопје-Сараево, што ќе ја опслужува трипати неделно (понеделник, среда и петок) грчката национална авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. За првите патници во заминување на првиот лет за Сараево ТАВ Аеродроми синоќа организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје и им додели симболични подароци за добар пат.

До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024.