Танушевски за реформата во администрацијата: Ете само во последните 6 години се создадени 56 нови институции?!

Танче Танушевски, претседател на Здружението на грагани за заштита на човековото достоинство и професијата во јавната управа и јавните служби со став за реформата во администрацијата која, се чини, никако да се реализира во земјава. 

Ви го пренесуваме во целост неговиот фејсбук став. 

- Од секогаш сум кажувал...!

Реформата во државната и јавна администрација е една од клучните реформи во чудесијава!

Ете само во последните 6 години се создадени 56 нови институции?!

56 директори, заменици директори, толку возила плус, па непродуктивни вработувања на грбот на граѓаните...!

Ова за било која држава би било неиздржливо, ама во чудесијава сѐ е можно.

Кога ќе се стави на вага и безмилосното крадење, кое се случува во скоро сите институции на системот, осиромашувањето на граѓаните, уште повеќе е загарантирано.

И после ќе сме имале најниска минимална плата во Европа, после Босна.

Епа ќе имаме, со вакви клептомани кои што не владеат.