Судовите со ново работно време

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука работното време на судовите да започнува во 7 и 30 часот и да трае до 15:30 часот.

Новото работно време на судовите ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, а е донесено согласно одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата.