Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на својот Фејсбук профил напиша дека екипи на градежната инспекција утврдиле неправилности на градилиште со бесправно изграден објект.
- Во текот на денешниот ден екипи на градежната инспекција во Општина Ѓорче Петров излегоа на терен и утврдија неправилности на градилиште со бесправно изграден објект, при што беше поставена жолта лента со која се спречува и прекинува секакво понатамошно дејствие на локацијата. при што беше поставена жолта лента со која се спречува и прекинува секакво понатамошно дејствие на локацијата. Законите мора да важат за сите граѓани подеднакво и истите да се почитуваат. Секое кршење на законите ќе биде санкционирано и ќе се постапи согласно процедурите при утврдување на вакви неправилности. Општина Ѓорче Петров работи на донесување на Детални урбанистички планови и според истите ќе се одвива развојот на општината, како и градежните активности кои ги извршуваат правни лица на територијата на Ѓорче Петров. Никој и ништо не е над законите. Нема да дозволиме да се случува градежен хаос во Ѓорче Петров.