Стојкоски и општина Ѓорче Петров први ќе помогнат за лекување на младиот Виктор, потребни се 10.000 евра

Првиот човек на општина Ѓорче Петров Александар Стојски упати апел за помош на младиот Виктор кој е спортист, на пат да стане врвен фудбалер.  Да го вратиме заедно на теренот, каде што припаѓа! 

- Помошта за 19-годишниот Виктор Боневски е повеќе од неопходна, а треба да ја собереме сите заедно и брзо. Се бори со канцер, се сретнавме и ветив дека Општина Ѓорче Петров, но и јас како поединец, ќе бидеме меѓу првите кои ќе му помогнеме да ги собере парите за лекување во турската болница „ЛИВ“. Знам колку е тешка оваа борба и дека недостатокот на финансии ја прави уште покомплицирана. Многупати сме докажале колку хумана нација сме. Затоа и сакам да ве замолам, да помогнеме заедно. Потребни се 100.000 евра, порача Стојкоски. 

Телефонските броеви за донации се: -Телеком 143-122; -А1 143-507;

Верувам и очекувам да се вклучат и голем број на општествено одговорни компании. За контакт, тука е и Дани, братот на Виктор чиј број е 070 47 99 03.

Сметки за донација:

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА - SPARKASSE BANK:

250500024209249

ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО:

SWIFT: INSBMK22

IBAN CODE: MK07250780007582562