Српски турист загина на плажа во Албанија

Српски турист загина вчера на плажа во Валона, Албанија.

Се сомнева дека 54-годишниот маж штом дошол во контакт со водата на морскиот брег доживеал „срцев удар“.

Нему му била укажана итна медицинска помош од турист, крајбрежната стража, а потоа и екипа на итната помош.

Сепак, нивните напори биле залудни, па 54-годишникот починал.

Полицијата го презела овој случај и води истрага за утврдување на сите околности, јавува ABC News Albania.