Српската заедница го одбележува празникот Свети Сава

Припадниците на српската заедница во земјава денеска го одбележуваат Свети Сава. Тој бил првиот српски архиепископ, влијателен дипломат, а СПЦ го слави како свој основач.

27 јануари е неработен ден за Србите во Македонија.

Верниците и свештенството на Српската православна црква (СПЦ) денес ја слават славата, која е позната и како школска слава, Свети Сава, односно Савиндан.

Свети Сава е синоним за српскиот народ, за се она што претставува српското духовно битие. Роден е како Растко Немањиќ (1174-1236), се одрекол од земската власт и се замонашил. Тогаш станал Сава. Сава било рашко племство од владеачкото семејство на Немањиќ.