Современиот начин на живеење и иселувањето го намалуваат македонското население, вели Герасимовски

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека негативниот прираст во земјава загрижува. 

-Ако во 2020 година за 9 месеци биле родени 14.250 деца, оваа година (2021) за истиот период има околу 13.500, има намалување на наталитетот, а во однос на умрените, има енормно зголемување. Во 2020 имало починати околу 16.000, а годинава се над 21.000. Нашата земја беше една од последните која во 2019 година почна со негативен прираст, појава која загрижува. Населението се намалува, вели тој за ТВ24

-Современиот начин на живеење го намалува наталитетот, причина за тоа е и иселувањето. Појавата е присутна подолг временски период. За илустрација во Хрватска една деценија се со негативен прираст, и во Србија е исто. И таму има висока стапка на смртност. Причината за стареење е што се иселува младото население, според податоци на Еуростат, од 2009 до 2019 година од нашата земја во земјите на ЕУ се иселени 160.000, вели Герасимовски.