Соседска патрола се одвиваше синоќа низ Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со инспектори од СВР и командирот на ПСОН Кисела Вода до доцна вечерва вршевме обиколка на повеќе локации каде што има собирање на млади лица во доцните часови, паркови, дворовите на повеќе училишта и градинки, но и на места каде што има евидентирани почести нарушувања на јавниот ред и мир.

Ѓорѓиевски информира дека со лицата кои биле затекнати на посетените локации се разговарало и им биле објаснети законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

- Мешаната патрола уследи по одржаниот втор локален совет за превенција на Општина Кисела Вода, каде беа дефинирани повеќе чекори во насока на обезбедување на безбедни услови за жителите на општината. Меѓуинституционалната соработка, која е клучна за сигурноста на граѓаните во нивните населени места ќе продолжи и во наредниот период преку вакви и слични активности, информира Ѓорѓиевски.