Сообраќајка во струшко, повредено младо момче

20-годишник е тешко повреден откако со возило излетал од пат во струшко. 

Како што информираа од полицијата, вчера во 21.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци,  патничко возило „даеву матиз“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од село Подгорци, струшко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.