Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, настрада 36-годишна жена

36-годишна жена е тешко повредена во сообраќјна несреќа што се случила синоќа на патот Охрид-Кичево. 

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево, информираа од полицијата во денвниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.