Снегот не го попречува авиосообраќајот

Интензивните врнежи од снег засега не предизвикуваат проблеми во одвивањето на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Според информациите од веб страницата на скопскиот аеродром, од изутрината се реализираат предвидените полетувања и слетувања.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се предвидени летови.