Славески: Што се случи со 2 милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје?

Во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24, претседаелот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски кажа дека остана неодговорено прашањето што пет часа вчера го повторувале советниците а тоа е што се случило со тие 2 милиони евра што му биле дадени на ЈСП со назнака исплата на плата за вработените за ноевмри и декември.

- “Она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата за обнова на Македонија остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на Ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември. Сега слушаме дека плата вработените на ЈСП не земале за декември до денешниот ден. И на тоа прашање немаше одговор имаше некои импровизации дури и од страна на градоначалничката“, рече Славески.

Славевски кажа дека советниците не се против субвенциите на ЈСП туку дека тие се за транспарентно и домаќинско работење.

- „Како и да е мислам дека советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не се против поддршка на претпријатијата јавни не се против благосостојбата на вработените туку инсистираат на транспарентно домаќинско работење од страна на лицата кои што се задолжени за тоа“, нагласи Славески.

Славески додаде и дека во моментот има 900 барања за нови вработување од страна на директорите на јавните претпријатија а тие тонат во загуби.

- „Во моментот секој ден пристигнуваат барање за нови вработувања сега пред изборите и ако ги соберете од сите јавни претпријатија и установи има некаде околу 900 барања за нови вработувања. Она што ги иритира советниците е како може во исто време да барате нови вработувања, а тонете во загуби и барате покривања на загубите од страна на буџетот на Град Скопје кој што има и други намени“, кажа Славески.