Скромно и со малку потрошени пари - вака најголем дел од скопјани ќе ја дочекаат Новата година

Скромно и со малку потрошени пари најголем дел од граѓаните ќе ја дочекаат Новата година.

Се прават последните подготовки за новогодишната трпеза. Мнозинството од оние што ги анкетиравме велат дека за дочекот ќе бидат во своите домови со најблиските, и нема да издвојуваат поголеми средства од семејните буџети.

Сепак скопските кафулиња како и секоја година ќе бидат преполни. Цените на новогодишните менија се движат од 1 500 денари па нагоре. Угостителите велат дека се попопуларни стануваат денските забави.

Истражувањата покажуваат дека околу 7 000 денари му недостасуваат на едно 4 члено семејство за да ги задоволи основните потреби. Но сепак мнозинството издвојува одреден износ за новогидшната трпеза и празничните денови.