Јуни е првиот летен месец кога се раздвижуваме и минуваме повеќе време надвор. Со тоа, околу себе имаме инспирација за убави Инстаграм фотки. Ова се најдобрите Инстастрам фотки од овој месец хаштагот #skopjeinfo.
Првата фотографија е од девојка која дошла во посета на главниот град. Во својот опис на Инстаграм таа вели: „ Во еден момент се обидовме да ги изброиме сите статуи во Скопје, но застанавме на 100. Не успеавме да најдеме официјална бројка, но веројатно има 1000. Дали жителите на Скопје го знаат точниот број?“