Скопје денеска ќе достигне 10.000 активни случаи на Ковид-19

Од новорегистрираните 1 182 случаи заразени со коронавирус во изминатото деноноќие во земјава, најмногу – 544 се во Скопје. Со тоа, бројот на активни случаи во главниот град изнесува 9 854 лица, од вкупно 20 485 на територија на целата држава.

Бројот на активните случаи на нето основа во претходните денови во метрополата расте со по отприлика околу 200 нови случаи, како разлика меѓу бројот на новозаразените, и бројот на оздравените пациенти.

Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631, бројката на оздравени пациенти е 31.659, на починати е 1.487, а бројот на активни случаи изнесува 20.485.

Од општините, најмногу случаи има во Гази Баба – 1 462 и во Аеродром -1 433, по што следуваат: Карпош – 1 211, Кисела Вода – 1 207, Центар – 1 188, Ѓорче Петров – 811, Чаир – 621, Бутел – 539, Илинден – 246, Шуто Оризари – 179, Сарај – 148, Петровец –124, Чучер Сандево – 103, Зелениково -68, Сопиште – 62, Студеничани – 51, Арачиново -36… Исто така 174 од заразените се странци, а 191 лице не се распределни по општини.