Синот на Мицкоски стана полнолетен

Синот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски стана полнолетен. 

Имено, Јован, наполни 18 години, а неговиот татко, познатиот политичар Мицкоски објави јавна порака на социјалните мрежи. 

- Секогаш сопственото дете во очите на својот родител е малото и наивно дете, но 18 години се доволно за да човек сфати дека годините си минуваат, а јас колку и да се трудам сепак заедничките моменти се прекратки за да бидат доволни. Среќно полнолетство Јован, порача Мицкоски. 

Мицкоски е во брак со Рози Мицкоска, која по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.