Синдикатите со предупредување. Платите во администрацијата ќе се скратат за 2500 денари

Денеска синдикатите излегоа со предупредување дека со новиот закон за административни службеници платите во државната администрација ќе се намалат за 2500 денари

- “Тоа што го добија вработените од тој закон во 2023 први, денеска први ќе го загубат како право. Усогласувањето на платите се случува од март 2025 година, веројатно ја помешале годината, па во 2024 година планираат да ја скратат минималната плата како основица за пресметка на платите на вработените“, кажа Трендафилов.

Трендафилов потенцира дека сериозни забелешки имаат и во однос на тоа што Синдикатите не се вклучени во креирање на бодот.

- “Владата сама одлучува, на некоја затворена седница колку ќе изнесува бодот врз основа на која ќе ги добиваат платите. Имаме и други забелешки, затоа баравме пристуство на расправата на комисијата. Не знам зошто се срамат пратениците од нас, да присуствуваме и да им ги кажеме сите овие забелешки. Ние сме ги кажале овие забелешки на премиерот, на министрите, но сметаме дека треба да ги слушнат и пратениците“, рече Трендафилов.

Тој кажа дека има информација дека денеска повторно ќе се продолжи со расправата и додаде дека стојат на располагање да им кажат што сакаат да им направат на работниците.

Според него законското решение има низа добри елементи, но тоа е од 1 јануари 2025 година.