Што му недостасува на Скопје?

Што му недостасува на Градот Скопје за да стане вистинска европска метропола? Ќе стават ли градските власт ред за дивите продавачи на зелените пазари? Кога ќе почнат да сообраќаат новите еко-автобуси? Како ќе се регулира паркирањето за моторите? Ќе има ли повеќе патеки за велосипеди, но, и зеленило низ градот? Колку ќе се проширува капацитетот за згрижување бездомни лица?

Ако погледнеме во целина, многу рабои му фалат на Скопје. Му фалат безброј, а сепак има мал милион кои го прават да биде посебен. 

На интернет форумите, луѓето коментираат како би сакале да го видат Скопје за брзо време. 

- На Скопје му фали креативност, места каде што секој ќе може да се пронајде. За секого по нешто - повеќе културни настани, повеќе слобода, повеќе простор и зеленило

- повеќе места на кои може да се прошеташ, повеќе паркови, повеќе природа

- духот на ноќниот живот од 90-тите

- На Скопје му недостасуваат насмеани и позитивни лица

- Културни дискотеки со добра музика и без гужвање на врата

- Највкусните палачинки од Fresh

- Собиранките на кругче на плоштад

- И McDonald's му фали...

- Живот! Луѓе кои дишат и чувствуваат, кои живеат за себе, уживаат во себе. Кои сакаат други луѓе, кои пијат затоа што им се пие, а не затоа што е модерно. На Скопјенце наше му требаат млади кои се вистински млади и не брзаат да пораснат. Му требаат вистински дами, а и вистински џентлмени. Да, живот му треба. А место има за секого. И повеќе книги.

- Не го препознав Скопје летово.Како да бев во некој друг град,кој воопшто не наликува на она Скопје кое го знам. Му фали онаа магија која владееше во градот пред да се изградат сите тие споменици(премногу се дефинитивно,со мене имаше луѓе кои првпат доаѓаат во Мк.и коментарот беше: Никаде до сега не сме виделе град кој има повеќе споменици од Ск.од една страна супер,единствени сме,од друга страна пак, што е премногу,премногу е). Му фалат камењата на камениот мост кои ги заменија со плочки без никаква вредност. Големи паркови му фалат дефинитивно. Повеќе поетри слем вечери, многу повеќе фирми и нови работни места за младите, Hard Rock Cafe му фали исто така. Патеки за велосипедисти(како и повеќе велосипеди)
овеќе дозволен простор за изразување на слободните уметности(графити,стрит арт) и игралишта за дечиња.

- Луѓе без предрасуди, без толкав егоизам и себичност... Помалце мермер повеќе зеленило, помалце бездомници кои молат за парче леб потпрени на вртоглаво скапите градби кои впрочем не одговараат со духот на Скопје...