Шок на социјалните мрежи: Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Јавноста остана во шок и неверување откако Миа Костова објави фотографија на нејзиниот инстаграм каде тренира во друштво на бодибилдерот Мирко Петровски во која таа соопштува дека тој починал.

“Мирно небо coach. Еден беше. Рано, Мирче“, напиша Костова

“Сеуште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирче мој“ напиша Блажев

Во врска со оваа трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.

„Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој.