Шилегов: Во капелите во Бутел погребните церемонии се намалуваат на половина час

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов утрово информираше дека согласно препораките на Владата, погребалното претпријатие Бутел ад Скопје, престојувањето во капелите за погребалните церемонии го скратува од еден на половина час.

„Иако ова известување можеби звучи непријатно, заради емоциите кои секој од нас ги има кон своите блиски, ве известувам дека согласно препораките на Владата, погребалното претпријатие Бутел ад Скопје, претстојувањето во капелите за погребалните церемонии го скратува од еден на половина час. После секој обред, секоја капела се дезинфицира. Чувајте го своето здравје со почитување на препораките”, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил.