Шеваљ Муареми, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен во Дубаи?

Шеваљ Муареми, лицето од Грчец кое се бараше со меѓународна потерница, е уапсен во Дубаи, неофицијално дознава ТВ21.

За него на 4. март беше распишана меѓународна потерница. Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.

„Муареми Шеваљ, татко Азби мајка Азбије, род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 село Грчец, општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.“, се наведува во потерницата на МВР.