Сезона на Стрелците: Големи промени се пред нас 

На 22 ноември од интроспективната и интензивна Шкорпија се придвижуваме во сезоната на оптимистичкиот Стрелец – симбол на вербата и надежта. 

Ова е нешто што ни е потребно овој период. Ќе се чувствуваме среќни и отпимистични до крајот на годината, а за некои хороскопски знаци тоа ќе значи да оставиме некои луѓе во минатото, но наместо болка, ќе се чувствуваме лесно како пердув. Ова  е добро време да го направиме тоа, без грижа на совест и претерано анализирање. 

Стрелец е управуван од Јупитер – планетата на експанзија, можности и изобилство, така што не е чудо што родените во овој знак постојано се впуштаат во некоја нова авантура. Сезоната на стрелецот нè поттикнува да преземаме ризици, но уште поважно -  да имаме верба во себеси. За разлика од Шкорпијата, тој ни носи верба во себеси и во чекорите кои ги преземаме за наше добро. 

Завршете ја врската со личноста која не ви дава никаква поддршка за вашите проблеми на работа, почнете да размислувате за тоа што ве прави среќни во животот, започнете да водите дневник, почнете да барате нова работа. Сето ова, ќе изгледа полесно од било кога.

Запрашајте се што ве инспирира, што ве прави среќни. Оваа сезона ќе ви помогне да го најдете одговорот. 

Ќе посакате да учите нови работи, да сретнувате нови луѓе и да сакате. За многу од нас, 28 ноември ни носи можност за романса. Иако самата ситуација не е совршено време за ризици, некои хороскопски знаци ќе се почувствуваат како сега да е вистинското време за тоа.