Се вози брзо и без дозвола: Изречени 162 казни во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

- На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.