Се вози без заштитна кацига и дозвола: Казнети 1.874 мотоциклисти за еден месец

Во текот на месец јули 2023 година спроведени беа засилени акциски контроли на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1.874 возачи.

Како што соопшти МВР, 1266 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 308 возеле без возачка дозвола, 45 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.