Се реконструираат улици во Миладиновци

Како што објави на неговиот Фејсбук профил градоначалникот на општина Илиден, Александар Георгиевски реконструкцијата на краците 4 и 5 од улица „8“во должина од 300 метра во населеното место Миладиновци влегуваат во финална фаза, а градежните работи се реализираат во рекордно кратки рокови.

Тој додава дека инвестирањето и подобрувањето на патната инфраструктура е еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа каде што и во наредниот период ќе се продолжи со инвестирање во квалитетна инфраструктура.