Се раззеленува еден од најголемите паркови во Стар Аеродром

Општина Аеродром заедно со јавното претпријатие за комунални дејности, оваа недела хортикултурно уредуваат уште една површина во Стар Аеродром, каде се работи на раззеленување на еден од најголемите паркови во овој дел од општината.

Со работните активности, се предвидува уредување на целиот простор во и околу детското и спортското игралиште, поставување нов систем за наводнување, како и санација на оштетените реквизити и урбаната опрема

- Аеродром е убаво место за живеење. Благодарам на сите оние кои со своите активности се грижат и даваат придонес за развој на општината, порача првиот човек на општината кој денеска изврши увид на терен.