Се повеќе деца во Македонија кои се алергични на некоја храна, лекарите со апел до родителите

Лекарите велат дека денеска во Македонија речиси и да не постои дете кое што не е алергично на нешто, а особено на некоја храна.

Едногодишни деца алергични на млеко, риба, јајца, чоколадни производи и портокал се почесто завршуваат во детските здравствени установи во државата. Според статистичките податоци на педијатрите, последната деценија за два до три пати е зголемен бројот на пациенти со алергија на храна.

Лекарите алармираат дека компликациите  можат да бидат многу сериозни ако навреме не бидат дијагностицирани.

Алергиите се во подем, од 5 проценти на 15 проценти на храна изминатите 10 години. Ако на почеток не се откријат тогаш децата ги лекуваат од вируси а тоа е погрешно и тогаш доаѓа до бронхијални компликации кои мора некои и болнички да бидат третирани.

Алергиите се глобален проблем и според педијатрите неопходна е соодветна терапија. Но родителите никако да не даваат антибиотици на своја рака.