Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, искусна докторка педијатар, се огласи на социјалните мрежи. Изрази жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден излезе во јавноста и начинот, како што рече, на кој се одвиваше комуникацијата.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
-Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.
Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.
Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти.
Останувам транспаретна и достапна за сите информации.