„Се чувствуваш како да си во штала, искуството на породување во државна е ненормално“, сведочат пациентки на Гинекологија

39-годишна скопјанка се обиде да си го одземе животот со скок од прв кат на Клиниката за Гинекологија во Скопје, откако претходно се породила, а тоа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Докторот Ненад Лазаров вели дека психолошката состојба на родилките во потпородилната депресија е нешто на што мора да се посвети внимание.

На неговиот статус на фејсбук следеа коментари од пациентки, кои тврдат дека се породиле на Клиниката за гинекологија и акушерство, а притоа ги споделија своите негативни искуства.

Министерството за здравство вчера информира дека почнал инспекциски надзор на Клиниката за Гинекологија во Скопје.