СДСМ: Цената на струјата ќе биде пониска за 5% во првиот блок

За 5% поевтина цена во прв блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти се вели во соопштението на СДСМ. Според нив политиките кои тие ги спроведуваат веќе даваат резултати.

- “Политиките на СДСМ во време на здравствена и енергетска криза даваат резултат. Само со мерката за евтина дневна тарифа на струја, граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите. Зголемувањето на енергетската независност, фокусот кон стабилна испорака на струја со цел заштита на ранливите и пензионерите осигураа пониски сметки“ порачуваат од СДСМ