Рисот Крле пуштен на слобода-остани здрав му порачаа од Балканската мрежа за заштита на рисови

Откако го заловија го пуштија на слобода. Балканската мрежа за заштита на Рисови, на рисот Крле му посака да остане здрав и да им испраќа податоци преку околувратникот. Тие се надеваат дека на овој начин овој рис ќе им ја раскаже неговата приказна.

„Името му е Крле, а тоа име доаѓа од зборот „крлеж“. Неговото тело беше полно со крлежи кога го заловивме. Се погриживме да биде чист кога беше пуштен на слобода. Остани здрав и да ни испраќаш податоци Крле стои во објавата на Balkan Lynx Recovery Programme.