Реконструкција на патеките и паркингот во училиштето „Мирче Ацев“

Во моментов Општина Ѓорче Петров работи на реконструкција на патеките за учениците и дел од паркинг просторот во училиштето „Мирче Ацев“.

- Со овој чекор ја подобруваме состојбата во дворот на училиштето. Преку изградба и на сливници во рамки на реконструкцијата ќе се придонесе за одведување на водите од паркинг просторот при поројни дождови, напиша градоначалникот Александар Стојкоски.

Целосниот зафат е на површина од 150 м2. Општина Ѓорче Петров во континуитет работи на подобрување на условите во училиштата, но и во училишните дворови.