Реконструирани улиците во населеното место Бел Камен во Бутел

Со асфалтирањето на улиците во населеното место Бел Камен завршува првата фаза од градежната офанзива на општина Бутел објави градоначалникот Дарко Костовски. Тој додава дека во наредниот период ќе бидат асфалтирани улиците во останатите населени места.

Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што досега никогаш немало асфалт. Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места напиша Костовски