Веќе неколку дена не се собира ѓубрето во Скопје поради протест на вработените во „Комунална хигиена“.
Додека скопјани се гушат во отпад и смрдеа, политичарите се препукуваат кој е виновен за хаосот кој се случува во главниот град на државата.
Во меѓувреме имаше и голем број реакции на Твитер поради катастрофата која му се случи на Скопје.
- Нова атракција за скопјани - ѓубре туризам. Си го ставаш ѓубрето у гепек, посетуваш некој од соседните градови, го фрлаш ѓубрето, прославуваш, вели твитерџија.
- Поминувам низ Скопје и нема контејнери без планини ѓубре во нив и околу нив. Дополнително ветарот го разнесува ѓубрето по улици, тротоари и паркчиња, се пожали корисничка на Твитер.
- Полни контејнери, цел град во ѓубре. Одлична глетка за сите туристи кои веројатно сега дошле и никогаш повеќе. Оние што веќе се отселиле од државава, а дошле на кратко во посета барем ќе се потсетат зошто избегале, објави друг твитерџија.