Расте бројот на заразени од голема кашлица, најмногу има во скопски Аеродром

Досега потврдени 12 случаи на голема кашлица во земјава. Меѓу заразените е е бебе старо 6 недели кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести и е изолирано од останатите пациенти.

Од досегашните регистрирани случаи, 10 се во Скопје и најалармантна е состојбата во општина Аеродром каде има 8 потврдени со голема кашлица.

За ширењето на опасната заразна болест утре ќе дискутираат и членовите на Комисијата за заразни болести. Дали ќе има одредени мерки или препораки ќе зависи од сублимирање на податоците.

Болеста најопасна е за доенчињата и децата во основните училишта. Лекарите уште еднаш го повторуваат апелот населението да не ја игнорира вакцинацијата која и во минатото се покажала како најдобра заштита против ова заболување.