Прв Национален средношколски самит на 1 октомври

Првиот Национален средношколски самит ќе се одржи на први октомври, во организација на средношколското претставничко тело Организација за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС).Овогодинешниот Национален средношколски самит го носи мотото „Бидете во чекор со генерацијата“.

целта на Националниот средношколски самит 2022 е слободно произнесување на средношколците за нивните колективни проблеми на национално ниво и донесување на предлог-решенија, се наведува во соопштението на организаторите. 

-Решенијата кои ќе ги донесат средношколците на овој Самит ќе бидат составен дел на Декларацијата која ќе биде спроведена до сите релевантни институции и ќе биде голем чекор напред во подобрувањето на образовниот систем. На овој начин сите ученици во државата ќе имаат еднаква можност да учествуваат во унапредување на образовниот систем, не само на локално, туку и на национално ниво. Пред сите средношколци е една особена можност да бидат создавачи на политиките во средношколскиот свет и да се обединат околу една цел: средношколските иницијативи да го заземат местото кое го заслужуваат - информираат од ОДАС.

ОДАС е средношколска организација чија мисија е создавање на заедница од посветени ученици, одговорни граѓани и идни лидери. Мотото на ОДАС гласи „Од учениците, за учениците“ бидејќи организацијата својот труд го изразува при унапредување на колективната способност на учениците да поттикнат подобрување на образовниот систем