Протест во Тетово поради кучето што падна и угина од 7-от кат од зграда во Тетово

Група граѓани денеска одржаа мирен протест и марш низ Тетово за случајот со куче кое беше снимено како паѓа од зграда во изградба, по што потоа угина. Тие истакнаа дека се револтирани и сметаат дека институциите не преземеле соодветни мерки. Побараа да се најде виновник за начинот на кој животот го загуби кучето од видео снимката.

Снежана Гијевска нагласи дека треба да бидат повикани и пожарникарите кои биле на ова место овде за да дејствуват.

„Тетово е посебна приказна, град со лоши луѓе, бездушни, кои мислат само за себе и за својата добробит. Господ не создал, природата луѓето и животните, да се сакаме и да живееме заедно. Ние ентузијастите не сме малку, среќна што за прв пат се собравме да искажеме револт и да го повикаме градоначалникот да си ја врши својата работа и да се грижи за бездомните животни. Тендерите што се дадени да се трошат наменски не во други цели. Ги повикуваме Агенција за храна и ветеринарство и Обвинителство да поведат постапка затоа што тука се работи за неколу кривични дела. Се повикува градоначалникот да си ја врши својата дејност во однос на бездомните животни. Против инвеститорот изведувачот на оваа проколната зграда, треба да се поднесе кривична пријава затоа што ништо не е обезбедено. Од доле до горе го терале кучето со стапови го избезумиле го качиле до седми кат за да падне одозгора и да пролее крв“, рече Гијевска.

На 22 март беше објавена снимката како паѓа кучето, а случајот во полиција го пријавил жител на градот од зграда од спротива. На 24 март СВР Тетово информираше за расчистување на случајот,а утврдено е дека не се точни шпекулациите дека наводно некој го турнал кучето.

„Извршени се службени разговори со двајцата пожарникари кои биле повикани да го заловат и отстранат кучето од објектот во кој работници изведувале градежни работи, како и со лицето пријавител и очевидец на паѓањето на кучето“, информираше СВР Тетово.

Полицијата сооошти и дека ќе биде изготвено писмено известување кое ќе се достави до јавен обвинител.