Пронајдена пушка и куршуми при претрес во Кисела Вода

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачје на Кисела Вода вчера во 18.20 часот го лишиле од слобода М.Ј.(62) од Скопје.

- При претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се ловечка пушка карабин и пет куршуми, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.